Најновата песна на македонскиот саксофонист Горан Папаз “Ти си насекаде”, која oд неодамна се врти на радио станиците, доби и свој видео запис. Спотот го изработи „Мега продукција“ а режијата е на Ѓоко Наумовски. Во спотот настапуваат модели на студиото за танц Бах. Снимен е на две локации, „Куба Либре“ во комплексот Св. Наум и во стариот дел на Охрид.
Летото дојде на голема врата, а атмосферата на ова видео во целост е одблесок на опуштената летна шема. Комплетен автор и продуцент на песната е Александар Масевски, а гостин во истата е Кали, која со прекрасните вокални способности ја збогати оваа композиција.
OhridNews