„Елиминирајќи ги поделбите и омразата, ставивме крај на поларизацијата и почнавме да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се почуствува рамноправен. Од земја која е скарана со своите соседи, прераснавме во земја која е респектирана членка на сојузот НАТО. Со дисциплина и заедничка посветена работа верувам дека со брзи чекори ќе се движиме и кон влезот на Европската Унија. Тоа го умееме и можеме“ истакна на предизборната трибина во Охрид претседателот на партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, кој исто така е и кандидат за пратеник во 5-та изборна единица од Коалицијата “Можеме“.
Ибрахим во своето излагање истакна дека во следните 4 години акцентот ќе биде ставен на економскиот развој на земјата, објаснувајќи ги проектираните економски политики и планови кои се наоѓаат во изборната програма на ТХП, интегрирани и во програмата на Коалицијата “Можеме“. Додаде дека ТХП пред своите гласачи излегува со конкретни решенија и во доменот на култура и образование.
OhridNews