Со извондреден вокално-театарски перфоманс, синоќа The Voca People ја кренаа на нозе публиката на Античкиот театар во Охрид.
Присутните имаа можност да уживаат во музичкиот спектакл на израелскиот „колектив“, кој успеа на едно место да ги искомбинира вокалните звуци и а-капела пеењето со уметноста на модерниот бит-бокс, имитирајќи звуци на цел оркестар – тапани, труби, гитари и музички ефекти.
Во 2012 година The Voca People ја освоија наградата „Лосил Лортел“ (Locile Lortel) за извонредно алтернативно доживување која ја доделува театарот „Оф-Бродвеј“ во Њујорк, САД. За само 3 години тие имаа повеќе од 50 милиони прегледувања на „Јутјуб“ и распродадоа повеќе турнеи низ Европа, Северна и Јужна Америка и далечниот Исток.
OhridNews
фото: „Емилио“