Корисниците на најголемата интернет база на филмови – “IMDB” го избраа “The Shawshank Redemption” за најдобар филм досега.

Правилата за користење на сајтот “IMDB” се променаја на 17ти јули, така да место 3000 сега се потребни 25000 гласови за некое филмско остварување да се најде на листата на 250 најдобри филмови некогаш направени.
Но покрај воведувањето на новите правила на првото место остана “The Shawshank Redemption” во кој главни улоги имаат Тим Робинс и Мораган Фримен, додека по него следуваат “Кум” 1 и 2 од 1972 и 1974 година.
Последниот дел од трилогијата Бетмен го завзеде десеттото место, но бојот на гласовите се зголемуваат секојдневно така да може да очекуваме дека во текот на следната недела ќе напредува на оваа листа.