Панк рок бендот “The Sex Pistols” оваа година ќе објави нова проширена верзија на албумот “Never Mind The Bollocks” по повод 35 години од првото објавување на албумот. Претставниците на компанијата “Universal”, која ќе го објави албумот под име “Here’s The Sex Pistols”, изјавиле дека се радуваат што ќе соработуваат со бендот и што ќе го прослават нивното влијание на светската култура.

Бендот, познат по хитовите “Anarchy In The UK” и “God Save The Queen” бил формиран во 1975 година. Предводени од Џони Ротен, „Пистолси“ стекнале репутација на бенд кој ги повикувал своите обожаватели на побуна против општеството.