Како што веќе е познато за Нова година на градскиот плоштад во Охрид ќе настапат Александра Пилева, Мартин Вучиќ и охридската рок гупа The Bloom.

The Bloom свират Hard rock.  Групата е формирана во март 2003-та од К’че, Бушинче, Чиче и Гиро. Групата во 2004-та  започнува да создава своја музика и настапува на неколку фестивали ( Rock Fest, Undersun Festival …)

Со женски вокал The Bloom има снимено две песни -„Energija“ (by Krecho Sound) и „R’n’R си ти“ (by Tsunamy Project). По пауза од 8 месеци групата продолжува со нов пејач-Диме. Денес The Bloom ја сочинуват: Димитри Алчев -вокал, Лазе Фармакоски- гитара, Крсте Симиџиоски- бас, Никола Јосифоски- синтисајзер и Игор Фармакоски-тапани.

Групата моментално работи на матерјалот за првиот албум. Пошироката јавност The Bloom ќе може да ги запознае на дочекот на Новата 2008 година што ќе се одржи на градскиот плоштад.

ohridnews