Немиот филм „Глумец“ му донесе Оскар, за најдобра режија на Мишел Азанавучијус и на Жан Дижарден за најдобар актер. Францускиот филм доби вкупно пет Оскари, вклучувајќи ги и оние за оригинална филмска музика и за костимографија.
„Глумец“ е првиот нем фил кој победил на доделувањето на Оскарите уште од првата ваква манифестација на американската филмска академија која се одржа пред 83 години.
Пет Оскари доби и филмот „Иго“ на режисерот Мартин Скорсезе, но сите без беа во техничките категории.
Оскарот за најдобра женска актерка го доби Мерил Стрип за улогата во филмот „Железната лејди“. За Стрип ова беше прв Оскар по цели 29 години, кога ја доби статуетката за улогата во филмот „Изборот на Софија“, таа има Оскар и за споредна улога во филмот „Крамер против Крамер“ во 1979 година.
Наградите за најдобри актери во споредни улоги ги добија Октавија Спенсер и Кристофер Палмер, кој со 82 години стана најстариот актер кој добил награда.
Оскарот за оригинално сценарио го доби Вуди Ален, за него ова е прва награда по 25 години.
Во категоријата, најдобар странски филм, престижната награда ја понесе иранскиот „Развод: Надер и Симин“, додека за најдобар анимиран филм е прогласен „Ранго“.
Наградите Оскар, во „Кодак“ театарот во Лос Анџелес беа доделени по 84-ти пат, а домаќин на манифестацијата беше актерот Били Кристал.
Били Кристл по 9-ти пат го водеше Оскарот
Филм на кој работеа Македонци доби Оскар
Филмот „Ранго“ на којшто работеа и аниматорите од македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х доби Оскар за најдобар анимиран филм.
На вчерашната церемонија во „Кодак“ театарот во Лос Анџелес, во оваа категорија за престижната награда се „бореа“ филмовите „A Cat in Paris“, „Chico & Rita“, „Kung Fu Panda 2“ и „Puss in Boots“.
Екипа од ФХ3Х учествуваше и во креирањето на уште еден филм кој беше во конкуренција за Оскар, „Transformers: Dark of the Moon“. Но, статуетката во оваа категорија отиде кај „Хуго“ во режија на Мартин Скорсезе.
Инаку, „Ранго” претходно, на почетокот од февруари собра најмногу „Ени“ награди на 39. по ред доделувања во Лос Анџелес и тоа за најдобар анимиран филм, сценарио, монтажа и дизајн на јунаците.
Извор: Макфакс“