Крилото на Бостон, Џејсон Тејтум, стана нов рекордер според бројот на постигнати поени во историјата на „Ол-стар“ натпреварите во кошаркарската НБА-лига, предводејќи го со 55 поени „Тимот на Јанис“ во синоќешниот триумф над „Тимот на Леброн“ во Солт Лејк Сити од 184 – 175.
Покрај 55. поени со реализација од игра 22-31, Тејтум запиша и 10 скока и шест асистенции и заслужено ја освои наградата најкорисен играч (МВП) на натпреварот.
Тејтум, кој стана прв играч на Бостон по Лари Бирд во 1982 година со МВП-признание, беше особено импресивен во третата четвртина во која уфрли 27 поени, што, исто така, е нов рекорд според постигнати кошеви во една четвртина.
Ноќ за паметење, и покрај поразот на својот тим, имаше и кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, кој по 19 пат во кариерата настапи на „Ол-стар“ натпревар и со тоа се израмни на вечната листа со легендарниот Карим Абдул – Џабар.
OhridNews