Ракометната репрезентација на Македонија доби тешки противници во ждрепката за групната фаза на Европското првенство, кое ќе се одржи следната година во Унгарија и Словачка. Ривали на „црвено жолтите“ им се Данска, Словенија и Црна Гора.

Мечевите од групата А ќе ги игра во Дебрецен. Возбудувањата во групите, македонската репрезентацијата ќе ги започне со Словенија, потоа ќе се судри со Црна Гора и Данска.

Одиме по потешкиот пат, но нема изговори. Зависиме од самите себе и од тоа колку ние ќе успееме да се подготвиме на посакуваното ниво до јануари. Противниците се тие што се, нема многу да се оптоваруваме на нив. Ќе се подготвуваме максимално и на секој натпревар ќе одиме на победа, – изјави селекторот Кирил Лазаров.

Европското првенство на почетокот од следната година ќе биде шесто за Македонија. Најголемиот успех на македонската ракометна репрезентација е петтото место, изборено во Србија 2012 година.

  • Групите:

Група А (Дебрецин): Словенија, Данска, Македонија, Црна Гора

Група Б (Будимпешта): Унгарија, Португалија, Исланд, Холандија

Група Ц (Сегедин): Хрватска, Србија, Франција, Украина

Група Д (Братислава): Германија, Австрија, Белорусија, Полска

Група E  (Братислава): Чешка, Шпанија, Шведска, БиХ

Група Ф (Кошице): Словачка, Норвешка, Русија, Литванија

OhridNews