Македонската ракометна репрезентација во бараж натпреварите за Светското првенство во Египет следната година силите ќе ги одмери со светската веле сила Франција.

„Црвено жолтите“, со оглед дека беа во вториот шешир немаа премногу избор, ниту среќа и за ривал добија непосакуван противник.

Баражите се играат во јуни годинава. Нашата селекција првиот натпревар ќе го одигра пред своите гледачи додека реваншот една недела подоцна на теренот од противникот.

Двојки:

Швајцарија – Исланд

Израел/Летонија – Португалија

Чешка – Црна Гора

Шведска – Турција/Русија

Словенија – Србија

Романија?БиХ – Унгарија

Македонија – Франција

Украина – Германија

Полска/Литванија – Белорусија

Австрија – Холандија

OhridNews