Непознати вандали се изживувале врз црквата Св. Архангел Михаил во струшкото село Долна Белица, при што целосно го демолирале црковниот олтар, иконостасот, помошните простории и кровот на црквата.


Според полицијата,  вандалскиот чин се случил во периодот од 5 до 25 април, 2010 година, кога вандалите во тврд предмет насилно ја  отвориле металната влезна врата на црквата, при што срушиле и дел од бетонскио ѕид. Потоа влегле во помошната просторија на црквата каде што целосно го оштетиле инвентарот. Со истиот предмет ја срушиле и вратата кој води до главната црковна просторија по што целосно го демолирале иконостасот, црковниот олтар и ѕидовите. Потоа се качиле на покривот и оштетиле дел од кровната конструкција, а на земја заедно со лимени делови од кровот го фрлиле и големиот метален крст кој бил поставен на покривот. Вкупната штета на верскиот објект сеуште не е проценета, но се претпоставува дека ќе биде многу голема.



Екипи на СВР Охрид извршија увид на лице место и се превземаат сите мерки за да се фатат непознатите сторители, на овој вандалски чин.

OhridNews