Уникс Казан му нанесе тешок пораз на македонскиот првак МЗТ од 85-61 (29-13, 19-12, 21-23, 16-13), во рамките на 5.коло, во Г групата во Еврокупот.


Рускиот тим, на овој натпревар ја оправда фаворитската улога и прашањето на победникот го реши уште по првото полувреме, кога стекна предност од 23 поени (48-25).

Само двајца кошаркари на МЗТ на овој меч постигнаа двоцифрен број на поени: Дејвис 12 и Костоски 10. Уникс до победата го предводеа Гуделок со 20 и Вујукас со 16 поени.

МЗТ по пет одиграни натпрвари во Европкупот има една победа и четири порази, во следноот коло македонскиот првак ќе ја пречека Рига, мечот ќе се одигра на 20.ноември

 

„Макфакс“