Во заостанатиопт натпревар од второто пролетно коло охридскиот суперлигаш катастрофално е поразен во Скопје од Вардар ПРО со 49:15. Подмладениот тим на Климент Охридски кој во 5 до 12 со помош на локалната самоуправа и неколку фирми од градот сепак ги продолжи натпреварите во Суперлигата, не беше дораснат противник на Вардар.
Ова е втор пораз на “Климент Охридски“ во исто толку натпревари во пролетниот дел. Во наредното коло охриѓани се среќаваат со уште еден силен противник, актуелниот шампион Металург.
Целта на охриѓани е чесно да се доигра првенството. Клубот веќе сега е отпишан од суперлигашккото друштво и од наредната сезона, доколку опстои, ќе се натпреварува во Првата лига (втора по квалитет во Македонија).