Охридскиот чувар на мрежата Благојче Трајкоски со 13 успешни интервенции беше човек на одлука во полуфиналниот дуел со Тинекс Пролет во четвртфиналната група од Купот на Македонија.
– Одбраната играше перфектно на стартот од второто полувреме. Не му дозволуваше чисти шутеви на противникот што мене драстично ми ја олесни работата. Со Тинекс Пролет во Купот одигравме скроз различен меч од оној во Супер лигата каде паднаа речиси 60 погодоци. Влеговме со респект кон екипата на Тинекс што ни донесе максимална ангажираност во текот на целиот натпревар и заслужена победа. – рече Трајкоски.
Голманот кој родум е Прилеп имаше фантастично издание против своите во регуларниот дел од Супер лигата.
– Ова ќе бидем голем предизвик за мене и за целата екипа. Најтешко и најубаво е да браниш против своите. Ќе се мешаат емоции и се ќе се врти низ главата, но таков е спортот. Во Прилеп имав добар натпревар, а се надевам на уште еден таков што ќе ни овозможи пласман на фајнлфор турнирот во Купот на Македонија. – заврши Трајкоски.
Натпреварот меѓу Охрид и Прилеп во „Билјанини Извори“ се игра во 19 часот.
Тинекс Пролет не е повеќе нерешлива енигма за „гладојаторите“ (фотогалерија)
Реакции по мечот Охрид – Тинекс Пролет
Охриѓани на натпревар од историја
Фото: Емилио
Мх.П.