Фудбалерот на Манчестер Сити Карлос Тевез сака да го напушти клубот, но нема да одбива да игра. Ова денеска го појасни Киа Јорабкиан, економски советник на Карлос Тевез.
„Тевез сака да си оди од Сити, но нема намера да одбива да игра. Напротив, подготвен е да пружи 100 проценти од можностите. Желбата да си оди не е мотивирана од пари, туку од работи кои не се поврзани со парите“ изјави Јорабкиан.
Тевез беше доведен во Сити за 25,5 милиони фунти. Одработи 17 месеци од петгодишниот договор. Желбата на аргентинскиот репрезентативец беше со овој клуб да заигра во Лигата на шампионите, но тоа не се случи. Сити настапува во второто по ранг натпреварување Лигата на Европа.
Управата во меѓувреме одлучи да му ја одземе капитенската лента која му ја додели на Јаја Туре. Иако во меѓувреме Тевез тренира голема е веројатноста да не настапи на мечот со Јувентус во Торино закажан за утре
Марадона седнува на клупата на Блекбурн
Тоа што деновиве кружеше како гласина во фудбалските клубови, го потврди Анаруда Десаи, газдата на индискиот гигант Венки, новиот сопственик на Блекбурн. Клубот навистина преговара со Диего Марадона за преземање на тренерската позиција во клубот од Ланкашајр.
„Со Марадона сме во контакт, но сè уште тоа е во почетна фаза. Како и да се завршат преговорите, ангажирањето би било најрано идното лето по завршетокот на сезоната, а дотогаш останува Стив Кин на кормилото“ изјави Десаи.
Извор “Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com