Стадионот “Филип Втори“ повторно ќе биде домаќин, но публиката за која и се игра фудбалот ќе ја нема откако на “првиот“ натпревар ги сменаа улогите со фудбалерите.
Мечот ќе започне одново, а не од 30-та минута кога по реакција на делагатот Тони Иваноски, интернационалниот судија Александар Ставрев го прекина натпреварот.