Бери Кенја од Њукасл бил обвинет дека пијан мафтал со својот пенис на една железничка постојка. Бил пријавен од една вработена во железницата. Поради тоа се нашол пред суд каде упорно тврдел дека не бил тој и дека не бил склон кон инциденти.
Од затворска и парична казна најверојатно го спасила тетоважата на гуштер која ја имал на пенисот. Вработената која повикала полиција изјавила дека мажот кој правел проблеми на постојката немал никакви тетоважи на половиот орган. Бери кој сакал да се спаси од обвинението сакал да ја покаже тетоважата, но бил сопрен од судијата и бил ослободен од обвинението.