Неизвесен е настапот на ФК Тетекс во Првата македонска фудбалска лига, откако наводниот спонзор од Чешка Димитар Тренков се откажал од спонзорството наклубот, јави веб порталот
спортефе.
Како што во соопштение до јавноста објаснува претседателот на клубот, Стеван Алампиоски се работи за „измама“, склучени се договори кои тешко ќе може да се испочитуваат и на недела дена пред стартот на првенството клубот е ставен во безизлезна ситуација.
– Екипата ги прекина тренинзите, а утре ќе одлучиме дали ФК Тетекс дефинитивно ќе го откаже настапот во Првата МФЛ. Ова е класична измама и ние мораме да ја расчистиме и правно но и од морален аспект за да се открие за каква манипулација се работи, изјави Алампиоски.
Претседателот на клубот Алампиоски вели дека на суд ќе бидат разјаснети сите работи.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com