Фудбалерите на Тетекс забележаа убедлива победа на контролните натпревари во подготвителниот период во Охрид, совладувајќи ја Воска Спорт со убедливи 8-1.

„Штофарите“ разликата во квалитет ја демонстираа на теренот, надигрувајќи го ривалот во секој поглед од играта. Осумте голови на тетовчани ги постигнаа шест фудбалери. По два пати прецизни беа Бојан Михајловски и Силвио Ангеловски, а по еднаш реализираа Мирослав Јовановски, Ринор Ајдини, Димитар Иванов и Александар Пановски.

Денеска, во Охрид, победа забележа и косовски Кек, кој со 3-1 славеше во средбата со Дрита од Боговиње.

Тест средбите на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе продолжат утре, со мечот помеѓу второлигашот Охрид и прволигашот Струга Трим Лум.

OhridNews