Тетекс – Шкендија во среда, без присуство на “балистите“
01.11.10 18:24
Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски одложениот натпревар од 12 коло меѓу Tетекс – Шкендија го закажа за среда 03 ноември 2010 година со почеток во 13 часот.
Во известувањето до клубовите се вели дека натпреварот е прогласен од висок ризик, а воедно се напоменува дека треба да се придржуваат на одлуката бр. 02-823 од 18.10.2010 година од Комитетот за итност при ФФМ објавена во Макфудбал број 42 од 18.10.2010 година со која на навивачите на ФК Шкендија им е забранува присуство на натпревари кои ФК Шкендија ги игра како гостин.
Од актерите се бара и почитување на Правилниците на ФФМ и позитивните законски прописи на Република Македонија.
Менаџерот за судии при ФФМ , Ангел Бунгуров денеска делегира нова судиска четворка за одложениот натпревар од 12. коло помеѓу ФК Тетекс и ФК Шкендија (03.11) на чело со Зоран Петковски ( Велес) на кого ќе му помагаат Манасиев Горан, 1 асистент (Велес),Новачев Петре, 2 асистент (Велес) и 4 судија Јакимовски Дејан( Скопје).
Причината за новото делегирање е што претходно -делегираниот судија Димитар Мечкаровски, заедно со Александар Ставрев е делегиран од УЕФА на меѓународен натпревар.
Одиграно второто коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати Моментална табела после второ коло Пи...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 20-то коло од Втората македонска фудбалска лига викендов гостуваа на Башкими Натпреварот се игра утре со почеток во 14 часот на стадионот во Куманово OhridNews...
Ќе дадеме се од себе во последниот натпревар пред плеј-офот со Вардар да извојуваме победа за нашите навивачи, вели бекот на ГРК Охрид, Рудолф Шафранко OhridNews...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.