Охридските кошаркари ја продолжија победничката серија во Втората лига совладувајќи го Тетекс со 95-65 во Тетово.
Разликата во квалитетот меѓу двата состави беше евидетна и охриѓани запишаа нови бодови по петтата последователна победа.
Ако избраниците на Петар Чочорски продолжат со вакво темпо да ги газат противниците ќе обезбедат пласман во елитата по само една полусезона.
Во следната шеста рунда „сино белите“ пред своите гледачи го пречекуваат скопски Вардар.
Ohridnews