Тетекс е победник во националниот фудбалски куп откако во финалето на Националната арена “Филип Втори“ го победи бранителот на трофејот Работнички со 3-2.
По мирољубивите 0-0 во првиот дел, фудбалерите “се распукаа“ во вторите 45 минути. Прв серијата ја отвори Захариески од пенал, на 2-0 зголеми Исени, додека за“недостижни“ 3-0 погоди Стојаноски . Надежата дека може да се вратат во мечот кај скопјани ја разбуди Глигоров, додека неизвеснота во самиот финиш ја врати Петковски. Немаа сили романтичарите за пресврт, па така трофејот замина за Тетово.
За Тетекс кој е една најстарите екипи во Македонија ова е дебитантски трофеј во својата историја.
M.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com