Менаџерот на Челси, Френк Лампард за клупскиот сајт зборуваше за новонастанатата ситуација во фудбалот поради пандемијата на Ковид -19. Секојдневно се пишуваат датуми за продолжение на фудбалски натпревари но никој, не може прецизно да каже дали и кога ќе продолжи сезоната.

Лично сметам дека прво треба да се тестираат сите медицински лица кои се поврзани со коронавирусот, а на фудбалерите, кои, моментално се заштитени бидејќи се наоѓаат во карантин. Не го знам точниот број на тестови направен на медицински лица, но во секој случај тие заслужуваат предност. – изјави Ламард.

Тој додаде дека треба да се подготват 100% сигурно услови за фудбал.

На сите ни недостасува фудбал, но како да се вратиме на теренот без да ги доведеме во опасност фудбалерите? Мора да се соочиме со таа реалност и да бидеме реални. – истакна Англичанецот.

Во Холандија, Франција и Белгија, федерациите ги прекинаа шампионатите а во следниов период ќе се донесе одлука за преостанатите првенства ширум Европа.

OhridNews