Во вкпно 83 државни основни и средни училишта во Македонија, се одржа тестирање на околу 16.500 лица кои аплицирале на јавниот оглас за ангажирање членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи.

На јавниот оглас за ангажирање членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи се пријавиле околу 16.500 кандидати од кои најголемиот број 14.000 Македонци, 600 етнички Албанци, а останатиот број лица од други етнички заедници. Дополнителниот оглас ќе биде распишан за да се пополни бројот на попишувачите, пред се, Албанци и Турци, но на него ќе можат да аплицираат и лица од други етнички заедници.

Нема најави за одлагање на пописот во Македонија и покрај претпоставките дека тоа би можело да се случи поради евентуалните предвремени парламентарни избори.

Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се одржи од 1 до 15 април.

OhridNews