Менса Македонија за прв пат по подолг период организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови, овојпат во Охрид, денес, со почеток во 14:00 часот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Охрид.
Имате над 16 години и сакате да дознаете колку е Вашиот IQ? Тестирајте се и дознајте. Тестирањето трае 20 минути. Резултатите ќе ги знаете само Вие, велат од Менса.
Тестирањето, потенцираат, се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®, додаваат.
OhridNews