Македонската ракометна репрезентација денес и утре ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Романија како финална проба пред квалификацискиот турнир во Адана, Турција.


Македонија во јануари ќе игра на турнир во Турција против домаќинот и
Литванија. Само првото место во групата води во јунскиот бараж за
Светското првенство 2011 година во Шведска.

Почетокот на средбите во салата „Кале“ е 17 часот и 50 минути.