Еден гол, еден црвен картон и пет жолти е епилогот од пријателскиот натпревар одигран на Билјанини помеѓу Силекс и Смедерево. Гостите славеа со голот по еден час игра, додека Мицков беше играчот кој поцрвена.


За Силекс ова е прв пораз на подготовките во Охрид. За српскиот второлигаш Смедерево по поразот од Победа (2-1) и прекинот со Инџија ова е прва победа во Охрид.

Двојна програма денес на Билјанини. Охрид ќе игра против Ренова, додека Раднички Ниш ќе игра против Смедерево.

М.П.