Охридскиот кошаркарски состав Лихнидос попладнево од 16 часот во СРЦ Атина Бојаџи ќе одигра тест средба со третолигашот Црн Дрим од Струга.

Мечот против стружани е втора контрола за избраниците на Весна Балазоска, по оној во Битола, каде загубија со 98-89.

Стартот на новиот шампионат е закажан за овој викенд,а охриѓани во првата рунда на домашен терен ја пречекуваат екипата на Неготино. Мечот е закажан за недела од 17 часот.

М.П.