Охридските ракометари во петок со почеток во 18 часот во Скопје ќе одиграат контролна средба со составот на Вардар Јуниор.
За избраниците на Горан Андоновски ова ќе биде прв тест натпревар во зимските подготовки кои ги започнаа на средината од првиот месец од годината.
После овој контролен натпревар „гладијаторите“ ќе одиграат уште неколку до продолжението до Супер лигата кое е закажано за првиот викенд во март месец.
Последните четири мечеви од регуларниот дел во Супер лигата ќе ги дочека на втората позиција со обезбеден пласман во плејофот.
OhridNews