Ракометарите на Охрид в среда со почеток во 18 и 30 часот во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ ќе одиграат тест средба со битолски Пелистер.


Мечот со „зелено белите“ ќе биде вкупно четврт контролен натпревар за „гладијаторите“ пред почетокот на сезоната во Супер лигата.

Трите претходно охридските ракометари ги одиграаа на меморијалниот турнир во Прилеп, каде го освоија третото место со скор од две победи и еден пораз.

Тест средбата со Пелистер ќе биде неофицијална премиера за ракометарите пред охридската публика која години наназад е осми играч на клубот.

OhridNews