Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток во 19 и 30 часот ќе одигра контролен натпревар со битолски Пелистер.
За „галебите“ ова ќе биде четврт контролен натпревар, откако три одиграа на подготовките во Црна Гора и Хрватска.
Битолските „зелено бели“ исто како и АВ Охрид кој ја освои титулата во Втората лига ќе се натпреваруваат во елитата односно Првата лига.
Тест средбата на пулените од Петар Чочороски воедно ќе биде и премиера пред охридската публика која од сезонава ќе има можност да гледа квалитетна кошарка.
OhridNews