Репрезентацијата до 17 години во пресрет на окотомвриските квалификации за ЕП од 20 до 22 септември ќе се подготвува во Охрид. Во рамките на овие подготовки нашите млади надежи во понеделник, 22 септември, со почеток во 11 часот, на стадионот “Билјанини извори” ќе одиграат “тест” натпревар со Романија.


Овој меч ќе биде генерална проба пред квалификациите во октомври кои ќе се одиграат во нашата земја. Има две варијанти за тоа каде ќе се одиграат овие квалификации кои се закажани за 23 октомври.

Првата е тие да бидат организирани во Скопје, а втората на стадионите во Струмица и во Турново. Противници на нашиот репрезентативен состав до 17 години во овој квалификациски циклус се репрезентациите на Германија, Турција и Финска.

Ohridnews