Фени Индустри извојува тесна победа 88-86 (24-20, 18-23, 25-21, 21-22) над Левски Софија и се искачи на делба на второто место на табелата  со Левски, зад ОКК Београд.

За избраниците на Емил Рајковиќ ова беше четвртата победа во шестиот натпревар во Балканската лига, а мечот дури шестмина го завршија со двоцифрен број поени, Богоев 10,  Соколов 12,  Лајф 11, Поповиќ 15 и Кнежевиќ 13.

Следниот натпревар, од 7.коло, на 27.јануари кавадарчани го играат во Бар на гости против тимот на Морнар.

Ohridnews