Охридските ракометари забележаа нова победа во подготвителните мечеви совладувајќи го битолски Пелистер со тесен резултат 31-30 (11-14) во контролниот меч кој се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“.
Битолчани подобро го отворија мечот и предноста ја чуваа до крајот на првиот дел кој го добија со три погодоци 14-11.
На стартот од вториот дел „гладијаторите“ со добра игра во одбрана и ефикасна во напад го свртеа резултатот во своја полза.
До крајот се играше „гол за гол“, а во таква ситуација подобро се снајде охридскиот состав кој победи со минимални 31-30.
Следен контролен натпревар охриѓани играат денеска против составот Металург во 18 часот.
OhridNews