Охридските ракометни пионери забележаа тесна победа на гостувањето во Битола совладувајќи го составот на Еурофарм Работник со 21-20 (8-11) во 10-та рунда од првенството.


Избраниците на Наум Бабачев не потклекнаа пред притисокот и негативата која ја имаа на полувремето (11-8) и со добра игра го свртеа резултатот во своја полза за минимална победа вкупно деветта сезонава.

Со десет голови најефикасен во редовите на Охрид беше Мартин Иваноски, пет реализираше Кристијан Димитриески, додека Николче Ристески запиша четири погодоци зад своето име.

Во следната рунда охриѓани на домашен терен ќе го пречекаат составот на Јуниор Ивни од Струга со кој ја делат првата позиција на табелата. Победникот од дерби пресметката најверојатно ќе ја освои првата позиција на крајот од шампионат.

OhridNews