Барак Обама (51), досегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, победи на вчерашните избори и освои уште еден четиригодишен мандат.
Обама освои 303 електорски гласови, од вкупно 583, што е за 33 повеќе од неопходното за триумф, додека на неговиот противкандидат Мит Ромни (65) му припаднаа 203 електорски гласови.
Иако доби значителен број на електорски гласови повеќе, Обама издвојуваше тесна победа во клучните „свинг“ (неодлучни) држави, Охајо и Флорида, каде што разликата била неколку десетина илјади гласови. Овие две држави заедно даваат 47 електорски гласови.
извор:„Макфакс“