Според првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисија – ДИК, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е победник на десеттите парламентарни избори, што се одржаа вчера. Симулацијата на ДИК покажува дека СДСМ и коалицијата освоиле 36,12% од гласовите, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 34,85%, ДУИ 11,3%, Алијанса 8,52%, Левица 4,17%…
Иако броењето е нецелосно завршено според ДИК САДМ и коалицијата освоиле 46 мандати, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 44, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2, ДПА 1 мандат. Овие неофицијални резултати значително се разликуваат од партиските пресметки кои тие ги објавија синоќа. ДИК најави дека попрецизни информации за распределбата на мандатите која се врши според Донтовиот модел, ќе соопшти денеска.
OhridNews