Производителот на електрични возила „Тесла“ повлекува повеќе од 321.000 возила од американскиот пазар бидејќи задните светла на тие автомобили можеби повремено не работат, се вели во документ објавен денеска.
Производителот на електрични возила со седиште во Тексас инфомира дека повлекувањето опфаќа одредени возила Модел 3 за следната година и Model Y од 2020 до 2023 година.
Компанијата соопшти дека ќе спроведе безжично ажурирање за да го поправи проблемот со задните светла и нема извештаи за какви било несреќи или повреди поврзани со повлекувањето на возилата, се вели во поднесокот до американската Национална администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата.
OhridNews