Синоќа во 22.30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Стив Наумов“ во Охрид патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 42-годишно лице, удрило во пешак (41), двајцата од Охрид, по што го напуштило местото на настанот.

По преземени мерки од полициски службеници, возачот е пронајден и лишен од слобода. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на  СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

OhridNews