Вчера во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за селото Годивје, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од 48 годишно лице од Кичево и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 62 годишно лице од Скопје, информираа од СВР Охрид.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило на возраст од 22 и 52 години, двете од Скопје. Повредите на лицата биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews