На 10.05.2024 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид 21 годишно лице од Охрид управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

OhridNews