На локалниот пат село Калишта кон Франгово-струшко, вчера, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “ВМЦ“ со охридски регистерски таблици, управувано 33-годишно лице од село Драслајца, и патничко моторно возило “Фиат Панда“ со скопски регистарски таблици, управувано од 32-годишно лице од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Дрслајца и сопатничката од патничкото моторно возило, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Од МВР информираат за уште една сообраќајна незгода во струшко.

Денес, околу 03,25 часот било пријавено дека на регионалниот пат во близина на село Мороишта патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со струшки регистерски таблици излетало од коловозот и удрило во бандера. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews