Во охридската Полициска станица, вчера, во 19 часот, било пријавено дека 78-годишна жена од селото Мешеишта, физички била нападната во патничко комбе кое сообраќало на релацијата Охрид-Мешеишта, од страна на 31-годишна жена од селото Горенци-општина Дебарца.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека оштетената, со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Пријавената жена која го извршила нападот е приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава.

OhridNews