Вработениот во филијалата на Комерцијална банка во Струга, Мишко Т. е тешко повреден при обид за грабеж на банката што се случил утрово во центарот на Струга.
Повредениот веднаш е префрлен во Општата болница во Струга од каде по извршената интервенција е упатен на Торакална хирургија во Клиничкиот центар во Скопје. Според лекарската екипа тој има тешки повреди како последица на убоди од нож, но според нив повредениот е во стабилна здравствена состојба.
Очевидци на настанот за ohridnews изјавија дека нападот се случил во моментот кога вработениот ја отворал влезната врата на филијалата при што со нож бил нападнат од Дарко М. Настанала борба при што вработениот се здобил со убоди од нож во градниот кош и на повеќе други места, а напаѓачот бил совладан од минувачите и предаден на полицијата.
Горан Момироски