На магистралниот пат Охрид-Кичево, кај Св.Еразмо, вчера во 13.30 часот, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 55-годишно лице од струшко Велешта и велосипед управуван од страна на 61-годишно лице од Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.