При изведување градежни работи во станбена зграда во изградба, односно при работа со машина за изработување на подлоги, вчера во Струга околу 14.30 часот, 21-годишно лице од селото Горенци, ја повредило десната рака.

Лицето со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржан на лекување.

По овластување на Јавен обвинител, увидна екипа од Полициската станица Струга и инспектор од државниот инспекторат за труд-Струга извршиле увид на местото на настанот.

OhridNews