Вчера нешто пред пладне, во СВР Охрид било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на улицата „Богомилска“ во Охрид, 40-годишен работник од Охрид се здобил со тешки телесни повреди.
Тој бил пренесен во Специјализираната болница „Св.Еразмо“, каде е заджан на лекување.
Се работи на утврдување на причините за нереќата.
Поради постоење основи на сомнение за сторени десет кривични дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишен штипјанец.
Тој, кривичните дела ги сторил во периодот од 30 мај до 27 ноември 2020 година во седум цркви на подрачјето на општина Дебарца и три на подрачјето на Охрид, каде влегувал користејќи подесен алат и физичка сила и одземал пари, информира СВР Охрид.
OhridNews