Во СВР Охрид, вчера, околу 13.15 часот, било пријавено дека во село Требеништа, при отстранување на стара инсталација од столб за изградба на автопатот Кичево-Охрид, 34-годишно лице од Битола се здобило со тешки телесни повреди.

Повредениот е пренесен и задржан на лекување во болницата Св.Еразмо во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews