Денеска во 01.50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице од с.Драслајца, струшко, удрило во 36 годишен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
OhridNews