Вчера во 13.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар кај с.Луково мотоцикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки управуван од 30-годишен скопјанец излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
На местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Г.М.